Трамп отпушти четворица службеници во првата објава на својата социјална мрежа
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска отпушти четворица високи владини функционери назначени од неговиот претходник и предупреди дека „уште илјада“ ќе се соочат со неизбежно отпуштање во првата објава на Truth Social по неговата инаугурација.

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска отпушти четворица високи владини функционери назначени од неговиот претходник и предупреди дека „уште илјада“ ќе се соочат со неизбежно отпуштање во првата објава на Truth Social по неговата инаугурација.
„Мојата претседателска канцеларија за персонал е активно во процес на идентификување и отстранување на над илјада претседателски лица именувани од претходната администрација, кои не се усогласени со нашата визија да ја направиме Америка повторно голема“, објави Трамп на платформата.
Разрешени се - Хозе Андрес од Претседателскиот совет за спорт, фитнес и исхрана, Марк Мили од Националниот советодавен совет за инфраструктура, Брајан Хук од Центарот Вилсон и Кеиша Ленс Ботомс од Претседателскиот совет за извоз. зш/