• сабота, 22 февруари 2025

Трамп „не е сигурен“ дека договорот за Газа ќе се одржи

Трамп „не е сигурен“ дека договорот за Газа ќе се одржи

Вашингтон, 21 јануари 2025 (ИМА )  - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави   дека не е убеден дека договорот за прекин на огнот во Газа ќе се одржи.

Запрашан од новинар додека се враќаше во Белата куќа дали двете страни ќе го задржат примирјето и ќе продолжат со договорот, Трамп рече: „Не сум сигурен“.

„Тоа не е наша војна, тоа е нивна војна. Но, јас не сум уверен“, рече Трамп.

Трамп, сепак, рече дека верува оти Хамас е „ослабен“ во војната што започна со Израел на 7 октомври 2023 година.

„Погледнав фотѕографии од Газа. Газа е како место каде имало огромно уривање“, рече Трамп.

Според него, Газа може да доживее „фантастична“ реконструкција доколку се продолжи со планот. зш/

Остани поврзан