• сабота, 22 февруари 2025

Трамп наскоро ќе го објави планот за Западниот брег

Трамп наскоро ќе го објави планот за Западниот брег

Вашингтон, 5 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп во последните 24 часа не само што ја коментираше ситуацијата во Газа, туку се осврна и на израелската окупација на Западниот Брег.

На прашањето на новинарите за неговиот став за израелскиот суверенитет над областа, Трамп рече дека „идејата им се допаѓа на луѓето“, но дека неговата администрација сè уште не зазеде официјален став. Тој додаде дека разговорите со израелските претставници се во тек и најави можно соопштение на оваа тема во следните четири недели.

Западниот Брег, според меѓународното право, им припаѓа на Палестинците, но многу Израелци го сметаат за дел од нивната библиска татковина и се залагаат за израелски суверенитет над неа. Сепак, израелските населби во областа се сметаат за нелегални според меѓународното право.

Трамп минатиот месец ги укина санкциите наметнати против насилните израелски доселеници на окупираниот Западен Брег. За време на неговиот претходен мандат, тој го призна Ерусалим, кој се наоѓа делумно на Западниот Брег, како главен град на Израел и ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. мс/

 

Остани поврзан