Трамп за Фокс Њуз: Русија го украде американскиот проект за хиперсонични ракети за време на мандатот на Обама
- -Русија го украде проектот, тие го добија од нас. Некој лош човек им го даде проектот... Тие го украдоа за време на администрацијата на Обама, а не на Бајден. Иако тие очигледно украдоа многу од Бајден, ќе слушнеме и за тоа, рече американскиот претседател

Вашингтон, 24 јануари 2025 (МИА) - Русија го украде проектот за хиперсонични ракети од САД за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.
Според него, тоа се случило поради „протекување документи“.
-Русија го украде проектот, тие го добија од нас. Некој лош човек им го даде проектот... Тие го украдоа за време на администрацијата на Обама, а не на Бајден. Иако тие очигледно украдоа многу од Бајден, ќе слушнеме и за тоа, рече американскиот претседател.
Трамп, исто така, најави дека САД ќе развијат суперсонични ракети кои ќе бидат „многу подобри“ од руските.сд/
фото:МИА архива