Трамп го олабавува спроведувањето на законот против поткуп
- Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да го паузира спроведувањето на одамна воспоставениот закон кој им забранува на американските компании да подмитуваат службеници на странски влади за да добијат бизнис.

Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да го паузира спроведувањето на одамна воспоставениот закон кој им забранува на американските компании да подмитуваат службеници на странски влади за да добијат бизнис.
Трамп притискаше да ја разниша политиката на американската влада во неговиот прв месец на функцијата, а неговиот потег за законот против поткуп се смета за обид за зголемување на американската конкурентност на меѓународно ниво, јавија американските медиуми. зш/