Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие (ДПЛ)
- Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, имал 10 пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога. Иако имало повеќе пријави за семејно насилство, жената ги повлекувала, што било случај и дента пред да се случи трагичниот настан. Истиот ден околу 12 часот полицијата постапила по пријава за насилство, но таа изјавила дека се работело за недоразбирање, кое го решиле по мирен пат. Тие биле во процес на бракоразводна парница. Сопругот е приведен и против него ќе бидат поднесени кривични пријави за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.