• петок, 21 февруари 2025

Волф: Претстојната Ф1 сезона може да е неизвесна како и претходната

Волф: Претстојната Ф1 сезона може да е неизвесна како и претходната

Лондон, 8 февруари 2025 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, ги сподели своите размислувања за тоа како може да се одвива сезоната во Формула 1 во 2025 година.

- Оваа година ситуацијата може да се повтори со минатата. Три до пет тима ќе се борат за лидерство. Ова е добра вест за нашиот спорт. Но, во исто време, ќе биде неопходно правилно да се распределат ресурсите, имајќи ја предвид потребата да се подготвиме за 2026 година. Ќе биде интересно да се види како ќе се постават приоритетите, изјави Волф за „Gpblog“.

На крајот од минатата сезона, победник на Светскиот шампионат во Формула 1 во поединечниот пласман беше Макс Верстапен од Ред Бул. Второто место му припадна на Ландо Норис. 

Во конкуренција на конструктори, Мекларен го освои трофејот за прв пат од 1998 година. Ферари го зазеде второто место со 14 поени зад Мекларен. Ред Бул заврши на третото место а Мерцедес беше четврти

Новата сезона во Формула 1 ќе почне во средината на март со трката за Големата награда на Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан