• сабота, 22 февруари 2025

Тотенхем со потенцијално решение во одбраната: Кевин Дансо е нов стопер на „петлите“

Тотенхем со потенцијално решение во одбраната: Кевин Дансо е нов стопер на „петлите“

Лондон, 2 февруари 2025 (МИА) - Кевин Дансо успешно го заврши трансферот од Ленс во Тотенхем, објавија во текот на денот францускиот и англискиот клуб. Спарс оваа сезона имаа големи проблеми во одбранбената линија, па доаѓањето на австрискиот стопер многу ќе им значи.

Како што соопшти Тотенхем, 26-годишниот фудбалер се приклучи на позајмица до крајот на сезоната, со обврска за откуп во јуни. Дансо беше редовен член на првиот тим на Ленс во изминатите три и пол сезони. За францускиот прволигаш одигра 126 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола.

Пред да дојде во Франција, Дансо играше за Фортуна Дизелдорф, Саутемптон и Аугсбург. Од 2017 година е репрезентативец на Австрија за којз одигра 24 натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите на Европското првенство каде остана запаметен по тоа што му го скрши носот на Килијан Мбапе. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан