Томислав Чориќ избран за нов министер за финансии на Хрватска
- Хрватскиот Сабор денеска го потврди именувањето на Томислав Чориќ за потпретседател на Владата и министер за финансии. За неговиот избор гласаа 76 пратеници, додека 52 беа против, пренесува Хина.
Загреб, 29 јануари 2026 (МИА) - Хрватскиот Сабор денеска го потврди именувањето на Томислав Чориќ за потпретседател на Владата и министер за финансии. За неговиот избор гласаа 76 пратеници, додека 52 беа против, пренесува Хина.
Чориќ доаѓа на оваа позиција од местото заменик-гувернер на Хрватската народна банка, функција на која беше од мај 2022 година. Тој го презема ресорот финансии од Марко Приморац, кој замина на функцијата потпретседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
По гласањето, Чориќ даде свечена изјава дека должноста ќе ја извршува совесно и чесно, почитувајќи го Уставот и законите на Република Хрватска. ссм/
фото: Википедија