• петок, 05 декември 2025

Тудор по Јувентус, пред ангажман во Премиер лигата

Тудор по Јувентус, пред ангажман во Премиер лигата

Сплит, 8.ноември 2025 (МИА) – Хрватскиот фудбалски тренер Игор Тудор е пред нов предизвик. По добиениот отказ од Јувентус во Италија, стигна понуда од Премиер лигата.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, премиерлигашот Вулверхемптон пројавил интерес тој да биде новиот менаџер на местото на отпуштениот Витор Переира. Негов најголем конкурент му исто така поранешен тренер на Јувентус Тиаго Мота.

Двајцата тренери се на платен список во Јувентус додека не најдат нов клуб. Во оваа ситуација раководството на Јувентус ќе биде најзадоволно еден од нив да седне на клупата на Вулверхемптон.

Мота има договор со „старата дама“ до 30.јуни 2027 година на околу 5,5 милиони евра по сезона плус дополнителни два милиони бруто за неговиот стручен штаб. Договорот на Тудор е нешто помал и вкупниот расход на Јувентус е нешто околу 8 милиони евра. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан