• петок, 13 март 2026

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија

Кавадарци, 13 март 2026 (МИА) - Кавадарчанка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во општина Росоман.

- Вчера во ОВР - Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци - Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 27 години од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.М. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Општата болница - Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. свд/бд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан