• сабота, 22 февруари 2025

Тел го одби Манчестер Јунајтед, ќе игра за Тотнхем

Тел го одби Манчестер Јунајтед, ќе игра за Тотнхем

Минхен, 3 февруари 2025 (МИА) - Матис Тел му се приклучи на Тотенхем на позајмица до крајот на сезоната.

Иако до синоќа се чинеше дека преселбата на Тел во Манчестер Јунајтед е завршена работа, сепак преговорите во последната фаза се искомплицираа бидејќи Баерн не сакаше да го пушти на позајмица во тој клуб.

Во Минхен се надеваа дека зимава ќе успеат да го продадат младиот фудбалер и соодветно водеа преговори.

„Гардијан“ напиша дека Тотенхем испратил понуда од 60 милиони евра, но дека самиот Тел не сакал да замине во лондонскиот клуб.

Работите денеска очигледно се променија, па Матис ќе се пресели во Тотенхем на позајмица без клаузула за продажба на крајот од позајмицата.

Зошто не можеше да се договори за ова со Јунајтед останува нејасно, особено што самиот играч сакаше да потпише за „црвените ѓаволи“.

Новинарот на германски „Скај“, Флоријан Плетенберг ја потврдува оваа приказна и тврди дека Тел сега е на пат за Лондон, каде што ќе потпише договор за позајмица откако ќе ги помине медицинските прегледи. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан