• сабота, 18 април 2026

Експлозија во рафинеријата за нафта во градот Порт Артур во Тексас

Експлозија во рафинеријата за нафта во градот Порт Артур во Тексас

Оклахома Сити, 24 март 2026 (МИА) – Силна експлозија ја потресе рафинеријата за нафта „Валеро“ во градот Порт Артур, принудувајќи го локалното население на евакуација.

Градоначалничката Шарлот М. Мозес соопшти дека нема повредени во експлозијата и апелираше до жителите од западниот дел на градот да останат дома додека пожарникарските екипи се борат да го локализираат пламенот.

Рафинеријата што вработува околу 770 луѓе, е со капацитет за преработка на околу 435 илјади барели нафта дневно.

Државниот пратеник Кристијан Мануел соопшти дека Комисијата за квалитет на животната средина на сојузната држава Тексас е на терен, експерти ја следат ситуацијата и се надгледува квалитетот на воздухот.

Локалните власти со предупредување до локалното население да се органиќат активностите на отворено и да ги затворат прозорците и вратите додека се стабилизира ситуацијата.

Причините за експлозијата се утврдуваат. аб/ссм

фото/МИА архива

Остани поврзан