• сабота, 21 февруари 2026

Тајани го активира Европскиот фонд за солидарност поради последиците од ураганот Хари

Тајани го активира Европскиот фонд за солидарност поради последиците од ураганот Хари

Брисел, 29 јануари 2026 (МИА) – Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани изјави дека Рим планира да побара помош од Европскиот фонд за солидарност за Калабрија, Сицилија и Сардинија, кои беа погодени од ураганот Хари.

Тој, по пристигнувањето во Брисел на состанокот со министрите за надворешни работи на земјите-членки во ЕУ, наведе дека ќе бидат подготвени анализи и податоци од Одделот за цивилна заштита, кои се неопходни за поведување на постапката за помош.

Тајани посочи дека за тоа веќе била дискутирано на Советот на министри.

Европа секогаш реагирала солидарно во слични ситуации, наведе Тајани, додавајќи оти за помошта за Италија веќе се разговарало на Советот на министри. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан