Судија го продолжи рокот за федерални работници во САД да ја прифатат понудата за отпремнина на администрацијата на Трамп

Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) - Федерален судија ја продолжи паузата на крајниот рок поставен од администрацијата на Трамп за федерални работници да прифатат одложена отпремнина и привремено и забрани на владата да бара повеќе понуди за отпремнини
Наредбата за привремена забрана објавена од страна на американскиот судија Џорџ О’Тул засега ќе остане во сила додека судијата не одлучи дали на неодредено време треба да го паузира рокот на понудата во очекување на понатамошни судски постапки за законитоста на програмата за отпремнина.
Минатата недела, О'Тул првично го продолжи рокот до понеделник, непосредно пред да стапи на сила.
О'Тул, кој беше назначен од поранешниот претседател Бил Клинтон ќе издаде писмена наредба во наредните часови со која поцелосно ќе ги објасни условите на неговата одлука.
Федерални работници имаа рок до 23:59 часот во четвртокот да одлучи дали да ја прифатат понудата, која генерално ќе им овозможи да ги напуштат своите работни места, но да бидат платени до крајот на септември.
Паузата произлегува од тужбата што Американската федерација на државни службеници и неколку други синдикати ја поднесоа до Окружниот суд на САД во Масачусетс. Покрај стопирањето на крајниот рок за одлучување, синдикатите исто така „ бараат од владата да артикулира политика што е законска, наместо произволен, незаконски, скратен ултиматум што работниците можеби нема да можат да го спроведат“. зш/