• петок, 21 февруари 2025

Студентите во Србија кои се во блокада пуштија веб страница на која има часовник кој отчукува до 27 јануари со порака: Налути се човеку

Студентите во Србија кои се во блокада пуштија веб страница на која има часовник кој отчукува до 27 јануари со порака: Налути се човеку

Белград, 23 јануари 2025 (МИА) - Студентите во Србија кои се во блокада ја пуштија веб страницата „Барањата не се исполнети“ (zahtevinisuispunjeni.rs), на која има часовник што отчукува наназад до понеделник, 27 јануари до 7 часот.  Под тајмерот, кој моментално одбројува нешто повеќе од 93 часа до 27 јануари, е напишана пораката „Се гледаме“.  

Студентите на Инстаграм објавија и видео на кое се гледа играта „Човеку, не се лути“, по што беше напишано – „Налути се човеку, 27 јануари“.

Засега не се знае каков е планот на студентите за тој ден, јави Бета. Пред тоа, студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Србија на тотален прекин на сите активности в петок на 24 јануари, односно на генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“. рп/

Фото: Принтскрин од веб страницата „Барањата не се исполнети“

Остани поврзан