• среда, 25 февруари 2026

Струга на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Струга на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Струга, 5 февруари 2026 (МИА) -Туристичките потенцијали на Струга од денеска до сабота се претставуваат на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул, соопшти денеска општинската прес-служба.

Саемот, како што наведуваат, претставува исклучителна можност за промоција на туристичкиот потенцијал на Струга на меѓународниот пазар, нудејќи простор за нови соработки и проширување на професионалните контакти.

- Преку учеството на вакви меѓународни саеми, Општина Струга има за цел да го промовира туризмот како клучна гранка за економскиот и културниот развој на нашата општина, претставувајќи ги природните и културните потенцијали, како и гостопримството по кое сме препознатливи, стои во соопштението.

Општина Струга дели заеднички штанд со Општина Дебар, на кој се промовираат туристички материјали од хотелиерите и локалните тур-оператори кои одговориле на јавната покана. 

Посетата на саемот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам. сс/вј/

Фото: Општина Струга

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан