• сабота, 21 февруари 2026

Стојановски: Филипче и Ахмети координирани за „Безбеден град“, нивните пратеници гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Стојановски: Филипче и Ахмети координирани за „Безбеден град“,  нивните пратеници гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети кога беа на власт, а и сега, заеднички им се две работи - криминални шеми и негрижа за граѓаните, рече на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. 

Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово и несреќите во Бугарија и кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропустите на Филипче загинаа 75 лица.

Али Ахмети, пак, освен криминални шеми нема ништо зад себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купувањето на трговскиот центар „Соравија“, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други.

Како и да е, пред десетина дена Филипче возеше до Мала Речица за да се види со Ахмети, за што зборувале секој го кажа своето, ама ете во петокот излегоа координирани нивните пратеници и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи.

Координирани за системот „Безбеден град“, поточно за последниот закон кој овозможува негово ставање во функција од 1 февруари. Да, координирани со ист став за систем којшто ги штити граѓаните, нивната безбедност и животот во сообраќајот.

Истите тие здружено молчеа на оваа тема седум години, не направија ништо.

Дека Филипче не се грижи за никој, односно се грижи за себе и за своите покажа на саботниот конгрес кога ги нападна сите освен своите. И да, зошто Филипче би се грижел за безбедноста и животот на граѓаните.

Има Филипче и свои грижи, на конгресот не му присуствувале една третина од делегатите, доволно да покренат барање за нов конгрес. Ваквите грижи во кои се најде Филипче се поради неговите деструктивни политики, но тоа не значи дека не треба да се грижи за граѓаните. Тоа треба да е приоритет!

Сепак, очигледно е дека на ликови како Филипче и Ахмети, со толкаво криминално минато, не им паѓа на памет да работат за доброто на граѓаните.

Затоа е тука ВМРО-ДПМНЕ, која работи и креира политики корисни за секој еден граѓанин.

 

Прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан