• петок, 21 февруари 2025

Стенергард: Шведска не ја исклучува можноста за испраќање мировници во Украина

Стенергард: Шведска не ја исклучува можноста за испраќање мировници во Украина

Стокхолм, 17 февруари 2025 (МИА) – Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од какви било повоени мировни сили, јави денеска Шведското радио.

- Сега прво мораме да преговараме за праведен и одржлив мир, кој го почитува меѓународното право, кој ја почитува Украина и кој прво и основно гарантира дека Русија не може само да се повлече, да изгради нова сила и да ја нападне Украина или друга земја за само неколку години, изјави шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард во интервју за Шведското радио.

Таа додаде дека „откако ќе се воспостави мир, треба да се осигураме дека може да се одржи и тогаш нашата Влада не исклучува ништо“.

Нејзината изјава уследи откако британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е подготвен да испрати британски војници во мировна мисија во Украина. ми/

фото: Икс

Остани поврзан