Стармер: Со сојузниците работиме Иран да не развие нуклеарно оружје
- - Целта е Иран да не може да развие нуклеарно оружје и тоа е од исклучителна важност, рече Стармер во Шангај, одговарајќи на прашање на Би-Би-Си дали би поддржал евентуални американски напади врз Исламската Република.
Шангај, 30 јануари 2026 (МИА) - Велика Британија работи заедно со своите сојузници со цел да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.
- Целта е Иран да не може да развие нуклеарно оружје и тоа е од исклучителна важност, рече Стармер во Шангај, одговарајќи на прашање на Би-Би-Си дали би поддржал евентуални американски напади врз Исламската Република.
Тој нагласи дека Лондон ја поддржува оваа цел и дека е во постојана комуникација со сојузниците за начините како таа да се постигне.
Стармер воедно остро го критикуваше односот на иранските власти кон демонстрантите, оценувајќи дека убиствата и репресијата врз протестирачите се „гротескни“.
Претходно, иранските власти потврдија дека за време на протестите во земјата биле убиени најмалку 5.000 лица. ссм/
фото: ДПА