Стармер им порача на земјите од ЕУ да ја засилат поддршката за Украина
- Британскиот премиер Кир Стармер побара од Европската унија да ги „засили“ напорите за поддршка на Украина пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел за европската одбрана и зајакнувањето на одбранбените способности.

Брисел, 3 февруари 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер побара од Европската унија да ги „засили“ напорите за поддршка на Украина пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел за европската одбрана и зајакнувањето на одбранбените способности.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неколку часа пред состанокот на 27-те претседатели и премиери на ЕУ, Стармер разговараше за идеите за нов безбедносен пакт по Брегзит со европскиот блок.
- Мирот ќе дојде со помош на сила и ние мора да направиме се што можеме за да ја поддржиме одбраната на Украина. Тоа значи стабилизирање на линијата на фронтот, обезбедување опрема и обука што им е потребна. И затоа оваа година Велика Британија ќе обезбеди повеќе воена поддршка за Украина од кога било претходно, рече Стармер. јт/
Фото: ЕПА