Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Горан Станиќ даде коментар за ривалите во квалификациите за Европското првенство 2027 година.

Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Горан Станиќ даде коментар за ривалите во квалификациите за Европското првенство 2027 година.
- Се најдовме во тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни. Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација. Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија, изјави Станиќ.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае до ноември 2026 .
Домаќини на претстојното Европско првенство ќе бидат Албанија и Србија. зс/
Фото: ффм