ССМ: Цврсто стоиме зад барањата на работниците и синдикатите во „Македонска пошта“
- „Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена.
Скопје, 23 јануари 2026
„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе обезбедена.
Иако платата на повеќе од 1.700 вработени во „Македонска пошта“ не е исплатена со протестот и 1.700 семејства беа оставени без плата и за најголемите празници, раководството на „Македонска пошта“, наместо да исплати плата, лиферува лаги и обвинувања кон синдикатите - стои во соопштението на ССМ, што МИА го пренесува интегрално.
ССМ цврсто застанува зад работниците и синдикатите во нивната борба за исплата на нивната изработена и заработена плата и на раководството му укажува дека трите синдикати во „Пошта“, дури и партискиот синдикат, кој беше формиран под присила, закани и уцени кон работниците, само за да не се бара исплата или зголемување на платата, заеднички го организираа денешниот протест, што се потврдува со заедничкото ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ОПШТ ПРОТЕСТ.
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ)
Фото: МИА архива