ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите, ја повикува Владата в понеделник да го потпише колективниот договор
- Следната недела Сојузот на синдикатите на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Од таму упатија отворен повик до Владата да дојдат в понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор, со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. - Го повикуваме претставникот на Владата в понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40 проценти и наместо во 2028 година, да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година. Го покануваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата врз манипулациите што ги искажуваат дека ССМ одбил да се зголеми, а патем ССМ протестира и од улица им кажуваме дека не ги зголемуваат платите. Но доколку не дојде, што тогаш, рече претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска на прес-конференција.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.