• петок, 21 февруари 2025

Српски медиуми објавија текст за Народната декларација за Војводина што треба да биде усвоена утре

Српски медиуми објавија текст за Народната декларација за Војводина што треба да биде усвоена утре

Белград, 14 февруари 2025 (МИА)  -   Најновите настани во северната српска покраина, оживувањето на сепаратистичките идеи и движења, јавното застапување на идеите за „војводинската нација“, јазикот и православната црква, како и најавата за усвојување на некаква „Војводинска платформа“, нас не обврзуваат активно да дејствуваме во социјалната и политичката сфера за да го заштитиме територијалниот интегритет и целовитост на српската држава, оценето е во уводниот дел од текст на Народната декларација за Војводина за која српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде усвоена утре.

„Војводина не е само дел од Србија, Војводина е Србија. Војводина е име, а Србија е презиме. Како што нема Србија без Војводина, така и Војводина не може да постои надвор од Србија“, се наведува во декларацијата што денеска како посебен додаток ја објави весникот „Политика“.

Во декларацијата се наведува дека „Војводина е израз на европските вредности, заедница на сите граѓани кои живеат на територијата на автономната покраина, како и нераскинлив дел од националниот, политичкиот, уставниот и културниот идентитет на модерна Србија“, и дека „овие духовни вертикали не се поништуваат една со друга, туку напротив се надополнуваат“.

Како што се оценува, „промоцијата на друга партикуларистичка, автономистичка, па дури и сепаратистичка и антисрпска содржина претставува крајна изопаченост и, следствено, целосна негација на големите идеали врз кои е основана Војводина“, пренесе Бета. зш/

Остани поврзан