• петок, 21 февруари 2025

Средба на ССК со претставници на Министерството за финансии, унгарскиот кредит една од темите

Средба на ССК со претставници на Министерството за финансии, унгарскиот кредит една од темите

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Законот за платни услуги и платни системи, како и унгарскиот заем ќе бидат теми на денешната средба меѓу претставниците на Министерството за финасии и Сојузот на стопански комори (ССК).

Средбата ќе се одржи во ССК, а изјави, како што е најавено, се очекува да дадат претседателот на Сојузот Трајан Ангелоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

-Сојузoт на стопански комори на Македонија продолжува да делува како релевантен партнер, кој ги застапува гласот на бизнис заедницата и активно учестува во креирањето на националните и економските политики и заеднички со бизнис секторот го дава својот придонес за економски развој, се наведува во најавата за средбата. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан