• сабота, 21 февруари 2026

Средба на претседателот на Собранието Гаши со австрискиот амбасадор Памер

Средба на претседателот на Собранието Гаши со австрискиот амбасадор Памер

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер ги истакнал пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодарил за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија.

Како што стои во соопштението од собраниската прес-служба, амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информирал претседателот за проект кој ќе го унапреди културното поврзување меѓу двете држави.

-Амбасадор истакна дека за вакви големи проекти е потребна поддршка од највисоките институции, вклучително и од Собранието, истакнал амбасадорот Памер.

Претседателот на Собранието Гаши, пак, се посочува, нагласил дека ги поддржува проектите кои ја унапредуваат соработката и ги продлабочуваат односите на билатерално ниво и оттука Собранието е на располагање да го поддржи проектот.

-Соговорниците разменија мислења и за актуелните политички случувања кај нас и во светот, како и за процесот на европската интеграција, се наведува во соопштението. вг/

Фото: Собрание РСМ

Остани поврзан