• сабота, 22 февруари 2025

Средба на ајатолахот Хамнеи со делегација на Хамас

Средба на ајатолахот Хамнеи со делегација на Хамас

Техеран, 8 февруари 2025 (МИА) – Делегација на Хамас денеска во Техеран се сретна со иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

- Го победивте ционистичкиот режим, што всушност е пораз за Америка. Не им дозволивте да постигнат ниту една од нивните цели, истакна Хамнеи.

Иранската телевизија соопшти дека лидер на Хамас, Калил ал Хаја, претседателот на консултативниот орган на Хамас (Шура), Мохамад Даруиш и високиот претставник Низар Авадала допатувале во Техеран за да му честитаат на Хамнеи годишнина од Иранската револуција.

Тие го информираа Хамнеи за ситуацијата во Појасот Газа и во Западниот Брег, како и за „постигнатите победи и успеси“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан