• четврток, 04 декември 2025

Средба на Азески, Ѓорѓиевски и Алиу, ќе дискутираат за постигнување консензус околу бизнисот

Средба на Азески, Ѓорѓиевски и Алиу, ќе дискутираат за постигнување консензус околу бизнисот

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Претседателите на Стопанската комора, Сојузот на стопански комори и Стопанската комора на северозападна Македонија, Бранко Азески, Горан Ѓорѓиевски и Нухи Алиу денеска ќе имаат заедничка средба на која ќе доскутираат за постигнување консензус околу бизнисот меѓу Владата и приватниот сектор.

Тие, како што најавува Стопанската комора, се очекува јавно да повикаат на единство на сите чинители на економските политики да ја поддржат Владата во насока на отворање нов инвестициски циклус и затворање на отворените прашања кои го кочат бизнисот.

- На средбата ќе се дискутира за постигнување заеднички консензус околу бизнисот, како претставник на приватниот сектор, и Владата како претставник на јавниот сектор и природен партнер на бизнисот. Со таквото заедничко дејствување се очекува да биде подобрена позицијата на бизнисот пред отворањето на крупните прашања врзани за владеење на правото, пазарната ориентација, инфраструктурата, инвестициите и извозот, за што вчера, во името на целиот бизнис, зборуваше претседателот Азески на Македонско-српскиот форум, наведува Комората. мч/паг/

фото: Стопанска комора

 

Остани поврзан