• сабота, 22 февруари 2025

Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет

Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет

Киев, 20 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше средба со специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, за која информираше на социјалните мрежи.

- Имав продуктивен состанок со Келог. Добра дискусија, многу важни детали. Благодарен сум на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ. Важно е за нас – и за целиот слободен свет – да се почувствува американската сила, напиша Зеленски.

Детално разговаравме за ситуацијата на фронтот, начинот на враќање на нашите воени заробеници и ефективни безбедносни гаранции. Од првата секунда на оваа војна, Украина бара мир. „Мораме и можеме да обезбедиме мирот да биде цврст и траен – за Русија никогаш да не може да се врати во војна“, нагласи Зеленски.

- Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедност со претседателот на САД. Ние го предложивме најбрзиот и најконструктивен начин за постигнување резултати. Нашиот тим е подготвен да работи 24/7, додаде украинскиот претседател.

„Успехот не обединува сите. Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет. Му благодарам на генералот Келог на заедничката работа во постигнувањето важни резултати“, напиша тој. јт/

Остани поврзан