• понеделник, 16 март 2026

Средба Али - Хоџа: Справување со климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи

Средба Али - Хоџа: Справување со климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи

Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска се сретна со министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. 

Како што информира ЦУК, на средбата се дискутираше за унапредување на заштитата на животната средина, справување со предизвиците од климатските промени и јакнење на системот за управување со кризи.

- На средбата беше нагласена потребата од засилена институционална координација и стратешки пристап во креирањето политики што ќе придонесат за поголема заштита на животната средина и поефикасно управување со ризиците и кризите, особено во услови на зголемени последици од климатските промени. Двете страни ја потенцираа важноста од заедничко планирање, размена на информации и усогласување на активностите во насока на навремено превенирање и справување со предизвиците што произлегуваат од екстремните временски појави и другите климатски ризици, стои во соопштението. 

Од ЦУК наведуваат дека директорот Али и министерот Хоџа ја потврдија својата подготвеност за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, оставајќи отворени можности за идни заеднички иницијативи и конкретни активности од заеднички интерес, во функција на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните. мд/вг/

Фото: ЦУК 

Остани поврзан