• понеделник, 16 март 2026

Прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Железничка и кај „Неуромедика“

Прекин во водоснабдувањето на дел од улицата Железничка и кај „Неуромедика“

Скопје, 16 март 2026 (МИА) – Поради планирана интервенција во водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок Ф100 милиметри на улицата Железничка 66.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Од претпријатието посочуваат дека со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“. ра/ац/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан