Србија/Медиуми: Министерството за образование ги повика на состанок директорите на училиштата што ја прекинаа наставата

Белград, 2 февруари 2025 (МИА) - Министерството за образование на Србија испрати писмо до директорите на училиштата што ја прекинаа наставата и ги повика на состанок, објави денеска порталот Нова.рс.
Во писмото, до кое порталот имал увид, се поканети директорите на состанок утре, 3 февруари во 8 часот во Министерството за образование, со цел „заеднички да се најдат решенија за предизвиците со кои се соочуваат училиштата во блокада“.
Наставата во дел основни и средни училишта во повеќе градови во Србија е делумно или целосно прекината, дури и откако Министерството и Владата постигнаа договор со репрезентативните синдикати на просветните работници за изедначување на платите со националниот просек. зш/