• четврток, 09 април 2026

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон

Скопје, 20 март 2026

Социјалистичката партија на Македонија ја истакнува определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата, се вели во соопштението од СПМ што МИА го пренесува интегрално.

Еден од мотивите на партиското програмско работење, особено во последните 10 години, се законот, законитоста и владеење на правото. Впрочем во овој тежок период од тогашната одродена власт токму врз Социјалистичката партија на Македонија и нејзините најодговорни лица и пратеници се изврши најжестокиот притисок, политички прогон и планиран кадровски погром, за што партијата како никоја друга ја понесе својата жртва во целиот мрачен процес, со што само се зацврсти нашата верба во правдата и законот.

Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција.

Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност.

СПМ

Фото: МИА архива

Остани поврзан