• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот утринава се одвива непречено по суви коловози

Сообраќајот утринава се одвива непречено по суви коловози

Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. 

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан