Содер: Само ЦДУ/ЦСУ можат да ја запрат екстремно десничарската АфД
- -Не смееме да ја оставиме нашата земја на АфД, рече Содер во Берлин на партиската конференција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), три недели пред националните избори.

Берлин, 3 февруари 2025 (МИА) - Баварскиот премиер Маркус Содер денеска изјави дека само сојузот на десниот центар ЦДУ/ЦСУ може да го спречи растот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), јави ДПА.
-Не смееме да ја оставиме нашата земја на АфД, рече Содер во Берлин на партиската конференција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), три недели пред националните избори.
Во Германија во последните денови имаше широки протести откако кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, го протурка предлогот за миграциска реформа во парламентот со поддршка од АфД.
Но, Седер, чија баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) е во сојуз со ЦДУ на национално ниво, рече дека блокот ќе продолжи да ја исклучува можноста за коалицирање со АфД.
-Постојано велиме не, не, не на каква било форма на соработка со АфД, додаде Содер.
Баварскиот премиер ги нападна и канцеларот Олаф Шолц, социјалдемократ, и министерот за економија Роберт Хабек од Зелените.
-Олаф Шолц не е погоден да продолжи да ја води нашата земја - под никакви околности, рече тој. Баварскиот лидер го обвини министерот Хабек за „збунетост“,наведувајќи дека министерот за економија е главно одговорен за економските проблеми на земјата.сд/
фото: МИА архива