Советот на Општина Чашка го усвои буџетот за 2026 година
- На денешната седница на Советот на Општина Чашка изгласан е буџетот за 2026 година кој изнесува 278.035.580 денари, при што трансферите и донациите од централната власт имаат доминантна улогa, информираа за МИА од Општина Чашка.
Велес 29, декември 2025 (МИА) – На денешната седница на Советот на Општина Чашка изгласан е буџетот за 2026 година кој изнесува 278.035.580 денари, при што трансферите и донациите од централната власт имаат доминантна улогa, информираа за МИА од Општина Чашка.
Од општината појаснуваат дека како и во 2025-та и во новата 2026 година планираат буџетот да го реализираат во инфраструктурни проекти за подобрување на условите за живеење на сите жители иза развивање соодветни бизниси.
- Буџетот е изготвен согласно насоките односно буџетскиот циркулар од Министерството за финансии, посочуваат од општинската прес-служба. ад/лв/
фото: МИА архива