Советниците за верски права од Стејт Департментот, Мајкл Дозлер и Роберт Зицман во посета на македонското Собрание
- Советниците за верски права од Стејт Департментот, Мајкл Дозлер и Роберт Зицман се во посета на Собранието на Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служба.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Советниците за верски права од Стејт Департментот, Мајкл Дозлер и Роберт Зицман се во посета на Собранието на Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служба.
Во рамки на посетата тие ќе се сретнат со претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и со потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, и пратениците Јован Митрески, Аднан Азизи, Рашела Мизрахи и Сали Мурати. сст/вј/
Фото: МИА архива