• четврток, 02 април 2026

Тинејџер од Битола пронајден починат без траги на насилство

Тинејџер од Битола пронајден починат без траги на насилство

Битола, 13 март 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Битола информира дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, бил пронајден починат А.Д.(19) од Битола. 

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а од страна на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. мт/паг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан