• петок, 05 декември 2025

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје

Собраниска делегација ќе положи цвеќе по повод 81 година од ослободувањето на Скопје

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Градот Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. По тој повод собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, во чиј состав се Сергеј Попов, Малиша Станковиќ, Славјанка Петровска и Реџеп Исмаил ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

На 13 ноември пред 81 години борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната  македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. дма/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан