Собраниска делегација во возвратна посета на Израел
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Кнесетот престојува во Израел од 18 до 22 јануари на покана на претседателот на групата за пријателство Израел - Северна Македонија, Хамад Амар.
Ерусалим, 20 јануари 2026 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Кнесетот престојува во Израел од 18 до 22 јануари на покана на претседателот на групата за пријателство Израел - Северна Македонија, Хамад Амар.
Делегацијата, како што соопшти службта за информирање на Собранието, ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, а во составот се Весна Бендевска, Љупчо Пренџов, Муса Џафери и Никола Мицевски.
Посетата почна во Јад Вашем со полагање венец во чест на жртвите од холокаустот.
Делегацијата учествувала на тркалезна маса организирана од Американско-еврејскиот комитет (AJC), каде што биле презентирани актуелните регионални безбедносни состојби и активностите на новиот Центар за нов Блиски Исток.
Во болницата „Шиба“ во Тел Авив членовите на делегацијата се сретнале со израелските медицински екипи, кои помогнаа по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во име на Собранието биле врачени пригодни подароци како израз на благодарност за брзата и стручна помош.
Делегацијата го посетила и Институтот „Вулкани“, каде што биле запознаени со иновативните агротехнолошки практики и истражувања во израелското земјоделство. бк/вј/
Фото: Собрание