Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите
- Собранието денеска во рамки на 89. пленарна седница ја утврди потребата за носење на пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува платите на овие лица да им се намалат до 13.000 денари. Станува збор за измени на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на Законот за платите на јавните обвинители, на Законот за платите на судиите, на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија. По одржување на матичните собраниски комисии, се очекува седницата да продолжи во 18:30 часот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.