• четврток, 26 декември 2024

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска

Љубљана, 27 септември 2023 (МИА) - Словенија одлучи да воведе полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска.

Шенгенскиот режим останува на сила, а без никаква контрола и понатаму ќе може да се минуваат поранешните гранични премини, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе проверува поединечни возила.

Како што јавуваат словенечките медиуми, Словенија ќе воведе полициски пунктови поради илегалната миграција по примерот на Италија. Полицијата веднаш по граничните премини треба да постави контролни пунктови каде што ќе може безбедно да запира возила и тоа во реонот на полициската станица Ново Место кај железничкиот надвозник Ригонце, Трновец кај Метлика, Обрежје кај Калина и во реонот на полициската станица Копер во Ракитовец, Подгорје и Сочерг. Зад граничниот премин Обрежје полицијата врши надзорни операции.

Неодамна словенечката влада соопшти дека не размислува за воведување гранични контроли со Хрватска и покрај големиот пораст на илегалниот влез на мигранти. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан