• петок, 21 февруари 2025

Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо

Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо

Братислава, 7 февруари 2025 (МИА) – Десетици илјади граѓани денеска се собраа на централниот плоштад во Братислава, по втор пат во последните две недели, барајќи оставка од словачкиот премиер Роберт Фицо.

Демонстрантите го повикаа Фицо да ја прекине секоја соработка со Русија и ги повикаа највисоките претставници на државата да ги запрат обидите на премиерот да ја промени надворешната политика на Словачка.

За време на демонстрациите насобраните граѓани скандираа „Оставка, оставка“ и „Руски агент“. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан