• четврток, 19 март 2026

Сиљановска-Давкова - Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ

Сиљановска-Давкова - Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ

Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) - Северна Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи и соработка, а дијалогот е заснован на отвореност и разбирање. Меѓу двете земји нема отворени прашања, што е дополнителен импулс во унапредувањето на соработката. Одличните пријателски односи се градат само врз меѓусебна почит, доверба, партнерство и заедничка визија за европската иднина. Членството во ЕУ не е само државна или национална цел на двете земји, туку заеднички проект и стремеж за целиот регион и нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ, порачаа македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот албански колега Барам Бегај, кој е во официјална посета на земјава.

- Кога немате отворени прашања, имате основ за соработка во сите области. Уште еднаш, денеска, и покрај напредокот, потенциравме дека има простор за зголемување на трговската размена и за инвестициите. Има неискористен материјал меѓу бизнис-заедниците. Треба да се валоризира. Потребна е натамошна инфраструктурна заедничка активност и поврзаност - рече претседателката на заедничката прес-конференција по средбата.

Една од главните теми на кои разговарале со Бегај била и онаа поврзана со европската перспектива, која, како што рече претседателката, е поблиска за Албанија.

Многу пати сум чула за моменти што треба да се искористат и моментот сега е врза со влезот на Украина и Молдавија во ЕУ. Ништо не би имала против уставни измени доколку навистина се работи за

- Јас при секоја средба изразувам задоволство од чекорењето на Црна Гора и Албанија, во кои гледам европски чекори и за целиот Западен Балкан. Се разбира дека цврсто сме определени за членство во Европската Унија. До членството се стигнува со реформи, особено со владеење на правото, борба против корупцијата и јакнење на демократските институции - рече Сиљановска-Давкова.

Двајцата претседатели веруваат дека нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ.

- Јасно ни е дека во моментот она што е најважно во овој свет на неизвесност е обостраната приврзаност на европската, меѓународна и на безбедносна политика. Тоа нè прави отпорни на притисоци и на влијанија. Македонија и Албанија имаат извонредна соработка во рамките на НАТО и оти со оглед на непредвидливите глобални предизвици, партнерството внатре во НАТО е важно. Секогаш сме давале и ќе продолжиме да даваме заеднички придонес во заштитата на мирот, не само регионалниот, туку и пошироко - рече македонската претседателка.

Албанскиот претседател Бегај вели дека за повеќето прашања за кои разговараат на средбите се согласуваат и оти така треба да постапуваат две соседни држави - како земји партнери со доверба и земји сојузници во НАТО.

- Во текот на нашиот разговор ние ги оценивме како многу добри и пријателски односите што ги имаме како земји соседи и заедничката посветеност да се унапреди билатералната соработка, регионалната и пошироката соработка во рамките на меѓународните организации. Нагласивме и дека односите помеѓу нашите земји претставуваат пример за регионалната соработка и дека нашите две земји продолжуваат да бидат решителни уште повеќе да ги продлабочат овие нивоа на соработка - рече Бегај.

Додаде дека иако немаат извршни улоги и функции, во разговорот со Сиљановска-Давкова се осврнале и на договорите што ги имаат потпишано владите.

- Ваквата институционализација во рамките на соработката директно влијаеше и придонесе за подобрувањето на животот на нашите граѓани и државјани. Економската соработка помеѓу нашите држави е значајна. Таквата соработка е овозможена и од нашите геопозици, нашето членство во ЦЕФТА и нашето патешествие кон Европската Унија. За нас, за нас како Албанија, вашата земја е значаен економски партнер со зголемување на трговските активности и особено во соработката во областа на туризмот и транспортот. Но, секогаш има простор и можност за уште повеќе. Има многу неискористен потенцијал - рече Бегај. 

Тој се осврна на улогата на македонското мацинство во Албанија и на Албанците во Македонија и како и неговата македонска колешка, и тој смета дека тие се мост за создавање врски меѓу двете земји.

- Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија продолжуваат да бидат силен мост за пријателство и соработка помеѓу нашите две земји. Албанија ги цени историските постигнувања со имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Ние искрено го цениме секој напор да се создаде мултиетничко и функционално општество преку целосно спроведување и имплементација на овој договор и почитување на обврските што произлегуваат од тој договор. Цениме дека правичната, достоинствената и соодветната застапеност на Албанците во државните институции и целосното спроведување на Законот за употреба на јазиците во однос на албанскиот јазик, кој се однесува и е дел од идентитетот на Албанците, и запазувањето на механизмите за рамноправност не се просто техничко прашање, туку претставуваат суштински елемент за социјална кохезија, за институционалната стабилност и европската перспектива - рече претседателот на Албанија, Бегај.

Во однос на, како што рече, најважната тема за регионот - европската интеграција, Бегај смета дека тоа не е само државна или национална цел за Албанија или за земјава, туку заеднички проект и стремеж за целиот наш регион. сст/дма/

 

Остани поврзан