• сабота, 22 февруари 2025

Сијарто: Трамп постигна успех во спроведувањето на Абрахамските договори

Сијарто: Трамп постигна успех во спроведувањето на Абрахамските договори

Будимпешта, 6 февруари 2025 (МИА) - Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп постигнал успех во спроведувањето на Абрахамските договори од 2020 година, кој вклучува нормализација на односите меѓу Израел и неколку арапски земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко.

Тој во Њујорк рече дека Абрахамските договори донеле целосно нова димензија на животот на Блискиот Исток, пренесе МТИ.

На прашањето за планот на Трамп САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, Сијарто рече дека Унгарија поддржува решенија кои носат мир и стабилност на Блискиот Исток, но тој не е сигурен дали неговиот план е остварлив и дали земјите од регионот ќе го прифатат.

„Сите знаеме дека претседателот Трамп е одличен преговарач и дека неговиот пристап за решавање на прашањата е многу специфичен. Ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат работите“, рече Сијарто.

Тој додаде дека постигнувањето долгорочен мир на Блискиот Исток е еден од најкомплицираните предизвици во светот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан