• сабота, 21 февруари 2026

Сите патни правци во Општина Чашка се проодни

Сите патни правци во Општина Чашка се проодни

Велес, 21 јануари 2026 (МИА) – До сите села во Општина Чашка, како и до високите планински села под „Солунска Глава“ под планината Јакупица сите патните правци се проодни. Eкипите на ЈПКД „Тополка“ со механизација за чистење заедно и со постојана поддршка со вработени од Општина Чашка, од  утрово сеуште се на терен и  ги расчистуваат патиштата од снегот кој сеуште паѓа и фрлаат ризла , информира за МИА градоначалникот Суат Шаќиров.

-Нашите екипи од утрово сеуште се на терен и постојано ги расчистуваат сите патни правци, од кои 99 проценти се проодни. Се фрла и ризла, но сепак им препорачувам на сите кои ја посетуваат Општина Чашка, посебно планинските села, внимателно возење, порача градоначалникот Шаќиров, кој денеска беше постојано на терен со екипите.

Додава дека и денеска и покрај снегот  сите ученици преку организираниот од општината училишен превоз, навреме биле однесени до нивните училишта.

Тој појасни дека се проодните патните правци до највисоките планински места како: Горно и Долно Јаболчиште, Папрадиште, Мелница, Горно и Долно Врановци, Војница и останатите високи населени села во општината.

Воедно  ги повика сите љубители на природата и снегот, претстојниот викенд да ја посетат Општина  Чашка и планинските места и да уживаат во снегот и природните убавини на Јакупица  и на Чеплес. ад/вг/

Фото: МИА

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан