• сабота, 21 февруари 2026

Сириската армија отвора коридор за евакуација на цивилите од покраината Алепо

Сириската армија отвора коридор за евакуација на цивилите од покраината Алепо

Дамаск, 15 јануари 2026 (МИА) – Сириската армија најави дека денеска ќе отвори коридор за евакуација на цивилите од подрачјето на покраината Алепо откако се интензивира судирот помеѓу владините и курдските сили во истоимениот град.

Цивилите ќе можат да се евакуираат низ „хуманитарен коридор“ од девет до 17 часот.

Евакуацијата на цивилите може да се протолкува и како најава на сириските сили за офанзива врз градовите Деир Хафер и Маскана и околните области, околу 60 километри источно од градот Алепо.

Армијата исто така, ги повика Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и другите вооружени групи, да се повлечат на источниот брег на реката Еуфрат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан