Синер го победи Шелтон и си закажа полуфинале на АО со Ѓоковиќ
- Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година.
Мелбурн, 28 јануари 2026 (МИА) - Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен во 2026 година.
Во четвртфиналниот натпревар, Италијанецот денес го победи Американецот Бен Шелтон во три сета – 6:3, 6:4 и 6:4.
Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Синер сервираше пет аса, направи две двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Шелтон сервираше осум аса, имаше три двојни грешки и не успеа да реализира ниту една од четирите брејк топки.
Во полуфиналето на Австралија Опен, Италијанецот ќе се соочи со 24-кратниот шампион на Гренд слем, Новак Ѓоковиќ од Србија.
Другата полуфинална двојка на Грен слемот во Мелбурн ја сочинуваат Карлос Алкараз (Шпанија) и Александар Зверев (Германија). зс/
Фото: ЕПА