• среда, 04 март 2026

Синдикат на Полиција во Македонија поднесе кривични пријави за кривично дело „Неизвршување на судска пресуда“

Синдикат на Полиција во Македонија поднесе кривични пријави за кривично дело „Неизвршување на судска пресуда“

Битола, 12 декември 2023 (МИА) - Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство за гонење на сериозен криминал и корупција поднесе кривична пријава против првиот човек на Министерството за внатрешни работи О.С., началникот на СВР Битола Б.Ј. и други одговорни лица во Сектор за внатрешни работи Битола заради основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „Неизвршување судска пресуда“ предвидено и казниво по Кривичниот законик, а второ и третопријавените сториле кривични дела кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

На прес конференција во Битола, претседателот на синдикат на полиција на Македонија, Орце Коцевски соопшти дека прво и второ и трето пријавените во својство на службени лица или одговорни лица во правното лице одбиле да извршат правосилна и извршна судска одлука што биле должни да ја извршат односно прво и второ и третопријавените како службени лица односно лица задолжени за тоа со судската одлука не постапиле по правосилна судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, со што на работникот Љ.М свесно му нанеле материјална штета.

Второ и трето пријавените со неизвршување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи - СВР Битола сториле и кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, изјави Коцевски.

Прес конференцијата на Синдикат на Полиција во Македонија се одржа пред СВР-Битола.мт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан